Каде си пријателе мој?

Каде си пријателе мој,Би сакала да бидам со тебеВо овие часови тажни,Ти се колнам дека би ја изгубила и главата.Би сакала да ме поддржиш,Да ме чувашБидејќи сум доста осаменаБиди со мене деноноќноТе молам без приговор.Каде си пријателе мој,Во оваа студена ноќМи е потребно енергијаЗа да преживеамБи можел ли да ми дадеѓ барем малку од твојата среќаЗа да си ја спасам душата, аПотоа ако сакаш ке ти ја вратам дупло.Ми требаш покрај менеМи треба една твоја преграткаДозволи ми да бидам со теме барем уште една минутаИ не пуштај ми ја раката во никој случајТе молам да имас храброст за да се соочиш со моите стравови,Не се оддалечувај од менетуку помогни ми,За да можам да ги спасам моите раскинати парчиња.Дојди со мене и остави ме да ти ги кажам сите мои маки,Сослушај ме добро затоа што ми треба некој да ме ислушаВнимателно, за да можам да се исцелам од моите болки.Пријателе мој, доближи се повторно до мене, затоа штоАко ми помогнеш би те сметала за мој најдобар пријател.Дозволи твојата насмевка да ми го разубави денот,Остави твоите очи да блескаат сјајно кога ме гледаш, затоаШто тоа ми ја враќа насмевката на моето лице, тогаш добро се чуствувамКако повторно родена.Затоа те молам немој да ја загубиш оваа прилика,Оваа шанса што ти ја давам, аАко не ја прифатиш тогашКе си одамКе си одам, за да не се вратам повторно.Да си одам, барајќи друго место, друг пријател, друг живот, за да повторно ја почуствувамНасмевката на моето лице.Барајќи се сама себеси, на места каде нема болки, кадеШто те нема тебе, пријателе мој.А ако прифатиш, ако навистина мислиш дека можеш да ме спасиш-Тогаш направи го тоа, што чекаш, побарај ме уште еднаш и јас ќе те чекам токму овде.Конечно ќе се видиме уште еднаш, лице во лицеИ ако имаме малку среќа и најмалата шанса да се видиме повторно без да гледаме назад,Јас би била среќна, најсериозно кажано.И да, имаш или имаше причина да се сомневаш во моите чуства,Точно е тоа дека не можам да живеам без тебе,Сакам да те видам бар на момент, за да ми го вратиш воздухот,За да ме гушнеш силно, бидејќи ми недостигаше, сонував за тебе многу пати,Те молам не се оддалечувај од мене, тоа не би го поднела веќе.Да, сум вљубена во тебе, ти си ми се, воздухот што го дишам, сонувам за тебе отсекогаш,И сум поминала многу бессони ноќи за тебе, мислејќи на тебе тоа ми ја дава енергијата потребнаДа не спијам по цели ноќи.Те сакам пријателе мој, незнам дали веќе знаеш или можеби сега дознавашНо јас не можам да издржам ( тежок збор, не би го употребила во друга прилика)Не можам да го сокријам ова чуство што ме задушува, што не ми дава мир.Ти си во моите мисли, ми го зема срцето и сега сакаш да го обземеш и мојот ум.Иако не сакам да бидам премногу зависна од тебе, сепак не можам да издржам.Те сакав пријателе мој и верувај ми не беше лесно да те сакам во тишина оддалеку , иако моето срце се скрши на милион парчиња, не беше време ни момент да потрчам во твоја прегратка.Откако те видов за прв пат, кога твоите очи ги забележаа моите, почуствував хемија која беше подеднакво магична и интригантна.Само кажи ми нешто,пријателе мој, макар и само еден збор кој може да ја спаси мојата душа.Само дај ми еден бакнеж, еден поглед нежен и потоа остави на судбината да се справи со нашите соништа и најскриени желби кои живеат во нас, во нашите срца и го чекаат денот кога ќе излезат надвор конечно.Нека судбината те донесе кај мене.Те сакам пријателе мој, отсекогаш сум те сакала и денес конечно ќе го поминам патот накај тебе,За да дојдам блиску до тебе, на другата страна, на твојата страна, покрај тебе, за даБидеме заедно, среќни и вљубени како младоженци пред и после венчавката.Не ми е страв да почнам одново со тебе, не се плашам да се обложам во нашата среќа иакоПреземам ризик повторно да те загубам,Но тоа не е важно, ти ме правиш да блескам како најсјајната ѕвезда на светот,Ми даваш доволно сила за да продолжам напред.И да сакам без прашање, би сакала да се обидам одново со тебе,За тоа сум сосема сигурна, да го оставам назад стравот, за да те побарам помеѓу небо и земја,Помеѓу море и ѕвезди, помеѓу морето и плажата, ќе барам на сите местадо крај на светотАко треба, за да те престигнам и да можам да потрчам во твоја прегратка и да останам така.Не ми е грижа ако паднам уште еднаш па и милион пати во искушение, тоа е неважно.Затоа што да, сакам повторно да паднам, да сакам да бидам заробена, вмешана со твојата страст, да сум подготвена да го отворам поново твоето срце, за да го слушне моето иДа ти каже најискрено дека никогаш не сум те излажала и никогаш нема да те излажам, не тебе.Да, сакам да бидам со тебе љубов моја, моето срце чука за тебе, сега и засекогаш, акоТи ми помогнеш повторно да ја реконструираме нашата љубов, за да порасне силна.Кажи ми веќе еднаш, пријателе мој, дали си со мене или не си, во добро и во лошо, рака под рака да патуваме и до крајот на светот.И те прашувам, можеби за последен пат не знам дали си подготвен само да ме слушнешНо сакам да ми одговориш веднаш:Каде си пријателе мој, блиску или далеку од мене, ти одбери.Затоа што верувај ми, тоа што го сакам најмногу во животот еНајслаткиот подарок, совршениот и најдобриот што судбината можеше да ми го дадеШансата да те имам блиску до мене, смеејќи се. Додека ја држиш мојата рака, никогаш не пуштајќи ја.Подарокот да се сретнам со твојот поглед нежен и да побегнам далеку со тебе, на некое скришно место, наше место каде ќе можеме да бидеме среќни можеби засекогаш.Можеби мислиш дека сум помалку луда, но тоа е само големата љубов што ја имам за тебе која ме тера да ги направам најдобрите работи, така како што треба да бидат, во ред.Засекогаш твоја, сепак велат дека надежта последна умира 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s