Драг дневнику,2010

Драг дневнику,

noonecaresunlessyouareprettyordying

30-05-2010
Драг дневнику,

Кико и рекол на Мила дека сум била грда и досадна и дека попрво ке се оженел
со баба отколку со мене.
Мене ми се развика татко и на Мила затоа што мислел дека сум му досаѓала на
Кико.
Се скарав со мајка ми затоа што рече Кико не те сака затоа што си грда и дебела, мајка не вика така на ќерка. Ама мојата вика. И не знам што да правам
сега. Тотално сум збунета. Сакам да му кажам на Кико дека го сакам (или барем
ми се допаѓа, како и да е) ама не можам, нешто во мене ме спречува. Навистина
не можам веќе да го издржам ова, иако се трудам.
Подобро да умрев. Подобро да ме снемаше од лицето на земјата отколку ова што го доживеав сега.
Мојата прва љубовна болка, ако може да се каже така. Мислам дека секој момент ќе заплачам. И еве сега плачам. Плачам и плачам. Солзи полни со тага.
Горки солзи. На светот нема потажна од мене сега во овој момент. Го изгубив
и тоа што малку го имав. Моментот на среќа. Среќа, бидејќи штотуку ја запознав мојата љубов, а во истиот момент и ја изгубив. И што добивам јас од сето тоа? Тага, огорченост, загубена надеж! Се смеам, солзи полни тага, ама
важно се смеам. Се смеам на самата себеси затоа што дојдов до ова.

Го сакам Кико и мислам дека сум вљубена во него. Па, еве видете: како прво, цело време мислам на него деноноќно цел ден и цела ноќ24/7.
Дури и не можам да заспијам мислејќи на него, а кога ќе заспијам ми доаѓа
на сон. И во сонот не сум мирна. Се лажам себеси дека не го сакам, а всушност
мислам на него секој момент. Боли, верувајте ми, многу боли кого некој што го
сакаш мисли дека си грда.

What hurts the most
Was being so close
Having so much to say
Watching you walk away
Never knowing
What could have been
Not seeing that loving you
Is what I was trying to do
Тетка Регина ми рече дека Кико се срамел од мене и затоа бегал. Ха, ха, ха
се срами од мене, не ми се верува! Тотално невозможно! Или можно е?
Ох, боже што ќе правам со овој Кико. Како ќе излезам на крај со него, а да не се скараме. Не знам, навистина, не знам…

Внимание: ова не е љубовно писмо во никој случај туку само еден вид признание.
П.с. : се зафркавам, овде горе наведеново е лага, не верувајте, вистината е дека добив кец по математика а ич не ме бива по тој предмет !
Додека го читате ова јас сум во Прилеп со дечко ми и другарка ми
и секој ден очекуваме да дојде бебето. Да, како што погодувате бремена сум. И ќе има и венчавка. Ќе дојдете, така?
П.п.с.: не е точно ни тоа вистината е дека паднав по следниве предмети: математика, физика и уште едно десетина предмети, не
грижете се, не се многу, сигурно ќе положам, а ако не – тогаш ќе повторувам, тоа ништо не е нели?!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s