Уште неколку часа го делеа заљубеното момче од денот Д. Ден кој требаше да се преживее, … ама како, е тоа беше вистинско прашање на кое немаше валиден одговор.
Смислуваше разни стратегии на однесување, Де вака, Де така, Да се биде ладен како шприцер, Искулиран како борачите во ринг, Да ја сврти сериозноста на настанот на шега па макар и на своја сметка.
Ништо од сето тоа не помогна. Се приближуваше кон салата за свечености и веќе чувствуваше како грлото му се стега во една голема кнедла. Нозете му се кочеа, назад да се вратат. Бадијала дома вежбаше пред огледало, Со среќа нека Ви е, Ви честитам. Со среќа нека Ви е…
Го избра вториот ред од седиштата за да се присокрие кога ќе го слушне судбоносното ДА.
Го знаеше целиот текст напамет и кога веќе требаше да се изговорат волшебните зборови, силно замижа, ги преплетка прстите стегајки ги и…
View original post 276 more words
Ти блaгoдaрaм зa реблoгирaњетo. Гoлем пoздрaв.
LikeLiked by 1 person
nisto uzivajte 🙂
LikeLiked by 1 person