ЉУБОВТА Е by Ивана Олтовска

ЉУБОВТА Е
MARCH 24, 2018IVI OLTOVSKA
Не се сеќавам точно како се сретнавме, но можам да кажам дека беше доста возбудливо. Тоа е затоа што кога нашите погледи се судрија, ја почувствував онаа неразбирлива инстант конекција. Верувам дека се викаше хемија. Во почетокот се обидов да го игнорирам чувството, но како што поминуваше времето, беше тешко да се прикрие таа зголемена искра во моите очи секогаш кога ќе го видев. Тоа беше како магија. Се чувствував толку нереално. Тоа сигурно нешто што ги нападна сите мои мисли, го блокираше моето вообичаено размислување и најпосле ме вовлече ментално, емоционално, па дури и физички хипнотизирано. Дали е ова љубов или премногу сонувам?
Дали е тоа љубов кога нашите погледи ќе се сретнат за еден момент и чувствувате дека сте возбудени, како да не можеш да не ги гледаш неговите очи затоа што те имаат зашеметено? Тој топол поглед во неговите очи што ти кажуваат се`, но исто така не ти кажуваат ништо и те тераат да се запрашаш. Тоа е како некоја збунувачка загатка која те остава без здив и прашувајќи се што ќе се случи понатаму. Тоа е како да мозгаш наоколу и одеднаш те има маѓепсано да продолжиш да се прашуваш дали тој знае нешто или дали го има тоа исто топло чувство или дали неговото срце чука побрзо како твоето кога ќе се сретнете?
И за крај ако некогаш се обиде да ти ја каже вистината, дали тоа значи дека е заемен реципроцитет? Можеби и само можеби ќе ги најдеме тие одговори длабоко во нашите срца и да го направиме тој сјај да блеска како најубавата и најсветла ѕвезда. И можеби само можеби ние конечно ќе почнеме да го користиме тој збор за сите тие прекрасни работи што ни се случуваат кои живеат внатре во нас и опколени сме со нив, а сепак ни даваат да ја погледнеме светлата страна на животот и се` да биде поубаво и посјајно за да можеме да најдеме радост и спокој во нашите понатамошни животи. Тој значаен збор кој магнетски привлекува и буди инстантно заедничка привлечност помеѓу двете суштества, тоа чувство на возбуда кое не` прави да бидеме романтични и да викаме со полни гради дека сме задоволни и среќни да уживаме во момент на вистинска радост.
Тоа зборче од пет букви за кое се чини сите знаат многу, од филозофи и научници до уметници, писатели и поети и некои од нас кои се преправаат дека се` знаат за тоа, дека се паметни и копаат под површината барајќи збор што никој не се труди доволно да го пронајде вистинското значење на истиот.
Мора да има нешто повеќе, нешто поголемо и од најголемата тајна на светот, особено човечкиот вид. Кога ќе дознаеме за најбрилијантната тајна да се откриеме себеси, тогаш и само тогаш можеме да го постигнеме знаењето на нашите предци, нивната храброст и мудрост и со нивна помош да ја одгатнеме сложувалката заедно и последно да го откриеме вистинското значење на една од најголемите тајни на светот кои останале непроучени, а тоа е тајната на давањето и примањето без возврат, да се восхитуваме на тој што сме го избрале, да го спознаеме како нашата сродна душа која сме ја барале, чиниш со векови. А ако најдоброто нешто е да сакаш и да бидеш сакан, тогаш најдобриот и најважниот еликсир на животот за кој некогаш ќе осознаеме е и засекогаш ќе биде љубовта!
Ивана Олтовска Скопје, 2013

Published by ivi bibliophile

View all posts by ivi bibliophile

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s