„Плачот на Срната’’ – Слаѓан Славенски

Bookreaders Community

Автор: Бојан Радичевски

Дебитантско дело кое обработува доста чувствителна тема, но дава добра насока за како треба да се бориме за живот. Насилството и киднапирањето на жените е работа што дефинитивно треба да се сопре. Станува збор за Аурора, која живее во мало гратче и е несреќна поради нејзиниот татко – алкохоличар. Наскоро нејзиниот живот ќе биде променет од многу причини. Таа, нејзината другарка и останатите се вознемирени за случајот дека по трети пат исчезнува девојче од нивното училиште. По едно мини бегство кое следеше после спротиставување на насилник, Аурора се сретнува со младиот уметник Алексеј кој исто така е еден од ликовите погодени од трагедијата со младите соученички, бидејќи една од тие ученички е неговата најдобра другарка, Моника. Алексеј е мирно дете со многу грижлива мајка, но за жал многу отсутен татко. Нивната прва средба е највпечатливата воопшто, бидејќи Алексеј има нацртано цртеж со очи во различна боја што…

View original post 112 more words

Leave a comment