Каде си пријателе мој?

Каде си пријателе мој?

Каде си пријателе мој,

Би сакала да бидам со тебе

Во овие часови тажни,

Ти се колнам дека би ја изгубила и главата.

Би сакала да ме поддржиш,

Да ме чуваш

Бидејќи сум доста осамена

Биди со мене деноноќно

Те молам без приговор.

Каде си пријателе мој,

Во оваа студена ноќ

Ми е потребно енергија

За да преживеам

Би можел ли да ми дадеѓ барем малку од твојата среќа

За да си ја спасам душата, а

Потоа ако сакаш ке ти ја вратам дупло.

Ми требаш покрај мене

Ми треба една твоја прегратка

Дозволи ми да бидам со теме барем уште една минута

И не пуштај ми ја раката во никој случај

Те молам да имас храброст за да се соочиш со моите стравови,

Не се оддалечувај од менетуку помогни ми,

За да можам да ги спасам моите раскинати парчиња.

Дојди со мене и остави ме да ти ги кажам сите мои маки,

Сослушај ме добро затоа што ми треба некој да ме ислуша

Внимателно, за да можам да се исцелам од моите болки.

Пријателе мој, доближи се повторно до мене, затоа што

Ако ми помогнеш би те сметала за мој најдобар пријател.

Дозволи твојата насмевка да ми го разубави денот,

Остави твоите очи да блескаат сјајно кога ме гледаш, затоа

Што тоа ми ја враќа насмевката на моето лице, тогаш добро се чуствувам

Како повторно родена.

Затоа те молам немој да ја загубиш оваа прилика,

Оваа шанса што ти ја давам, а

Ако не ја прифатиш тогаш

Ке си одам

Ке си одам, за да не се вратам повторно.

Да си одам, барајќи друго место, друг пријател, друг живот, за да повторно ја почуствувам

Насмевката на моето лице.

Барајќи се сама себеси, на места каде нема болки, каде

Што те нема тебе, пријателе мој.

А ако прифатиш, ако навистина мислиш дека можеш да ме спасиш-

Тогаш направи го тоа, што чекаш, побарај ме уште еднаш и јас ќе те чекам токму овде.

Конечно ќе се видиме уште еднаш, лице во лице

И ако имаме малку среќа и најмалата шанса да се видиме повторно без да гледаме назад,

Јас би била среќна, најсериозно кажано.

И да, имаш или имаше причина да се сомневаш во моите чуства,

Точно е тоа дека не можам да живеам без тебе,

Сакам да те видам бар на момент, за да ми го вратиш воздухот,

Сослушај ме добро затоа што ми треба некој да ме ислуша

Внимателно, за да можам да се исцелам од моите болки.

Пријателе мој, доближи се повторно до мене, затоа што

Ако ми помогнеш би те сметала за мој најдобар пријател.

Дозволи твојата насмевка да ми го разубави денот,

Остави твоите очи да блескаат сјајно кога ме гледаш, затоа

Што тоа ми ја враќа насмевката на моето лице, тогаш добро се чуствувам

Како повторно родена.

Затоа те молам немој да ја загубиш оваа прилика,

Оваа шанса што ти ја давам, а

Ако не ја прифатиш тогаш

Ке си одам

Ако не ја прифатиш тогаш

Ке си одам

Ке си одам, за да не се вратам повторно.

Да си одам, барајќи друго место, друг пријател, друг живот, за да повторно ја почуствувам

Насмевката на моето лице.

Барајќи се сама себеси, на места каде нема болки, каде

Што те нема тебе, пријателе мој.

А ако прифатиш, ако навистина мислиш дека можеш да ме спасиш-

Тогаш направи го тоа, што чекаш, побарај ме уште еднаш и јас ќе те чекам токму овде.

Конечно ќе се видиме уште еднаш, лице во лице

И ако имаме малку среќа и најмалата шанса да се видиме повторно без да гледаме назад,

Јас би била среќна, најсериозно кажано.

И да, имаш или имаше причина да се сомневаш во моите чуства,

Точно е тоа дека не можам да живеам без тебе,

Сакам да те видам бар на момент, за да ми го вратиш воздухот,

За да ме гушнеш силно, бидејќи ми недостигаше, сонував за тебе многу пати,

Те молам не се оддалечувај од мене, тоа не би го поднела веќе.

Да, сум вљубена во тебе, ти си ми се, воздухот што го дишам, сонувам за тебе отсекогаш,

И сум поминала многу бессони ноќи за тебе, мислејќи на тебе тоа ми ја дава енергијата потребна

Да не спијам по цели ноќи.

Те сакам пријателе мој, незнам дали веќе знаеш или можеби сега дознаваш

Но јас не можам да издржам ( тежок збор, не би го употребила во друга прилика)

Не можам да го сокријам ова чуство што ме задушува, што не ми дава мир.

Ти си во моите мисли, ми го зема срцето и сега сакаш да го обземеш и мојот ум.

Иако не сакам да бидам премногу зависна од тебе, сепак не можам да издржам.

Те сакав пријателе мој и верувај ми не беше лесно да те сакам во тишина оддалеку , иако моето срце се скрши на милион парчиња, не беше време ни момент да потрчам во твоја прегратка.

Откако те видов за прв пат, кога твоите очи ги забележаа моите, почуствував хемија која беше подеднакво магична и интригантна.

Само кажи ми нешто,пријателе мој, макар и само еден збор кој може да ја спаси мојата душа.

Само дај ми еден бакнеж, еден поглед нежен и потоа остави на судбината да се справи со нашите соништа и најскриени желби кои живеат во нас, во нашите срца и го чекаат денот кога ќе излезат надвор конечно.

Нека судбината те донесе кај мене.

Те сакам пријателе мој, отсекогаш сум те сакала и денес конечно ќе го поминам патот накај тебе,

За да дојдам блиску до тебе, на другата страна, на твојата страна, покрај тебе, за да

Бидеме заедно, среќни и вљубени како младоженци пред и после венчавката.

Не ми е страв да почнам одново со тебе, не се плашам да се обложам во нашата среќа иако

Преземам ризик повторно да те загубам,

Но тоа не е важно, ти ме правиш да блескам како најсјајната ѕвезда на светот,

Ми даваш доволно сила за да продолжам напред.

И да сакам без прашање, би сакала да се обидам одново со тебе,

За тоа сум сосема сигурна, да го оставам назад стравот, за да те побарам помеѓу небо и земја,

Помеѓу море и ѕвезди, помеѓу морето и плажата, ќе барам на сите местадо крај на светот

Ако треба, за да те престигнам и да можам да потрчам во твоја прегратка и да останам така.

Не ми е грижа ако паднам уште еднаш па и милион пати во искушение, тоа е неважно.

Затоа што да, сакам повторно да паднам, да сакам да бидам заробена, вмешана со твојата страст, да сум подготвена да го отворам поново твоето срце, за да го слушне моето и

Да ти каже најискрено дека никогаш не сум те излажала и никогаш нема да те излажам, не тебе.

Да, сакам да бидам со тебе љубов моја, моето срце чука за тебе, сега и засекогаш, ако

Ти ми помогнеш повторно да ја реконструираме нашата љубов, за да порасне силна.

Кажи ми веќе еднаш, пријателе мој, дали си со мене или не си, во добро и во лошо, рака под рака да патуваме и до крајот на светот.

И те прашувам, можеби за последен пат не знам дали си подготвен само да ме слушнеш

Но сакам да ми одговориш веднаш:

Каде си пријателе мој, блиску или далеку од мене, ти одбери.

Затоа што верувај ми, тоа што го сакам најмногу во животот е

Најслаткиот подарок, совршениот и најдобриот што судбината можеше да ми го даде

Шансата да те имам блиску до мене, смеејќи се. Додека ја држиш мојата рака, никогаш не пуштајќи ја.

Подарокот да се сретнам со твојот поглед нежен и да побегнам далеку со тебе, на некое скришно место, наше место каде ќе можеме да бидеме среќни можеби засекогаш.

Можеби мислиш дека сум помалку луда, но тоа е само големата љубов што ја имам за тебе која ме тера да ги направам најдобрите работи, така како што треба да бидат, во ред.

Засекогаш твоја, сепак велат дека надежта последна умира

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s