„Плачот на Срната’’ – Слаѓан Славенски

Bookreaders Community

Автор: Бојан Радичевски

Дебитантско дело кое обработува доста чувствителна тема, но дава добра насока за како треба да се бориме за живот. Насилството и киднапирањето на жените е работа што дефинитивно треба да се сопре. Станува збор за Аурора, која живее во мало гратче и е несреќна поради нејзиниот татко – алкохоличар. Наскоро нејзиниот живот ќе биде променет од многу причини. Таа, нејзината другарка и останатите се вознемирени за случајот дека по трети пат исчезнува девојче од нивното училиште. По едно мини бегство кое следеше после спротиставување на насилник, Аурора се сретнува со младиот уметник Алексеј кој исто така е еден од ликовите погодени од трагедијата со младите соученички, бидејќи една од тие ученички е неговата најдобра другарка, Моника. Алексеј е мирно дете со многу грижлива мајка, но за жал многу отсутен татко. Нивната прва средба е највпечатливата воопшто, бидејќи Алексеј има нацртано цртеж со очи во различна боја што…

View original post 112 more words

Рецензија: „Само најсекси маж што постои” – Џули Џејмс Оцена 5/5

Bookreaders Community

Младата адвокатка Тејлор е претставена во гламурозниот свет на Холивуд. Свет кој е лицемерен, егоистичен, со извртен морал и погледи на светот поради целото богатство и различната вредност на парите. Тејлор е иритирана од тој свет. Но, тој свет е нејзиното секојдневие во временски период од неколку недели. Дали тој свет ќе успее да ја промени Тејлор, или таа ќе го промени тој холивудски свет?

Оваа книга беше пријатно изненадување за мене. Имам прочитано неколку книги од Џули Џејмс, и генерално ми беше само ОК, зашто приказните обично не се лесни за да се поврзеш со нив, стилот на пишување е ок, читлив, лесен. НО, оваа книга ме импресионираше. Не можев да дочекам да видам што ќе се случи со главната линија на дејство, постапките на Тејлор ме воодушевија. Сепак, мислам дека пресудно за толку да уживам во книгата беше смислата за хумор низ целата приказна. Оваа книга ме натера…

View original post 20 more words

Рецензија: „Пациентот” – Себастијан Фицек Оцена 4/5

i loved this book

Bookreaders Community

Резиме: Макс е киднапиран и неговиот киднапер, откако е фатен, завршува во лудница. Татко му, Тил, е подготвен да направи сѐ што е во негова моќ да дознае што се случило со Макс. За таа цел, влегува во лудницата и, покрај тоа што е без план, сепак е блиску до киднаперот. Го зема идентитетот на Патрик, идентитет кој му прави повеќе пречки отколку што му помага. Дали Тил ќе ги совлада тие пречки, и што е спремен да направи за да ја дознае вистината, прочитајте ја оваа интересна приказна.

Краток осврт: „Пациентот” е карактеристична приказна на Фицек. Обработува тешки теми како убиство и киднапирање на деца и семејно насилство. Темите не ја прават книгата рекреативна и лесна книга за поминување на пријатна вечер со интересна приказна, ама тоа не е ни целта на книгата.Сепак, книгата е лесно читлива и неизвесна од почетокот па до крајот. Поглавјата се кратки и нивните…

View original post 158 more words