Се викам Саша и имам 16 години. И тука почнува мојата убава приказна (РЕАЛНОСТ).
Оваа година дома кај мене се случи нешто што морало да се случи како што би рекла мајка ми што никој не го замислуваше, но изгледа било дело на судбината која уште еднаш си поигра со нас… ужас.
А и се беше убаво се додека мајка ми не дозна од еден телефонски повик кој сигурно е од онаа лошата сосетка, баба Сениче, која потајно го видела татко ми како и бакнува рака на друга жена во близина на градски парк. Од тој ден повеќе ништо не беше исто како што треба. Мама беше бесна и не можеше да се контролира. Па почна да фрла работи по тато: чаши, чинии, ножеви, вилушки Затоа дури и предметите не беа истите. Ех, камо да беше само тоа, во ушите ми одѕвонуваа погрдните зборови на мама: глупак, идиот, како можеше да ми го направиш ова?! Банг, бунг!
Тоа баш и не беше некоја концентрација за учење.
Цела недела истата приказна, истите викања, па татко ми на крај не можејќи да ги слуша тие извици или крици на очај на мајка ми, при крај со нервите ги изусти тие 2 збора од кои цела недела од нив се плашев, а верувам помалку и мама иако се уште беше бесна.
Тато, си одам.
Јас, тато, не оди, те молам.
Немој, не оди, си крикнав воп плац и се струполив до неговите колена за разлика од мама која седеше како мраз ладна смрзната.
Одам во приватна гимназија каде сме се на се 16 души, се чудам на матурска дали ќе не собере. Ах, бев и останав најпопуларната девојка во цела гимназија. Кога мене некој ќе ми се допаднеше, мислам на момче од клас, веднаш се дознаваше и сите го маваа со гумички, моливи, што ќе сстигнат, затоа што јас сум одлучила кој бил среќникот.
Ми велеа дека сум убава, паметна, секси, се што ќе посакам, ми се остварува.
Оваа година Марко и Стефан од 4-та ми се допаѓаат, па најверојатно со нив ќе одам на матурска.
Мојата најдобра другарка Маргарита која седи до мене секогаш во мензата не е многу популарна, но опседната е со тоа дружејќи се со мене да стане популарна иако тоа не го кажува намерно.
Па, пријателството е заемна вежба.
Во нашиот клас влегува новото момче што подоцна ќе дознаеме дека се вика Ведран и е најубавото момче досега. Мистериозен и секси, добра шмек комбинација.
„Добар ден, јас сум вашиот нов ученик Ведран, мило ми е“. Од нигде никаде се појави звук на чкрипење, а еден глас од далечина: „Се е тоа убаво, Ведране, или кој и да си, но ако ја чепнеш нашата Саша, мртов си и вака и така!“
„Ооо, така ли, а која е таа Саша ако може да знам?“
Сите погледи и љубоморни и секакви се свртуваат накај мене што не треба да ми биде мачно, но се чувствувам како уплашена тинејџерка.
„Да, јас сум“ , најпосле спремам храброст.
„Ооо, убаво од тебе, но популарноста не ми значи ништо“.
Уауаууу, машките збеснаа!
Јас мислам дека треба да се докажеш преку талентот и паметот, а не поради глупави облози кој е популарен кој не.
Уаооу! Така е, воздивнувам јас, мистериозен шмекер со стил си бил ти, хе, хе, јас таквите ги јадам за вечера.
Мхм.
Чисто се шегувам мило мие и повели во нашиот клас одговорив самоуверено